Колку е здраво и безбедно повторно да се замрзне одмрзнатото месо?

Откако ќе се одмрзне месото, дали може повторно да се замрзне? Ова прашање често нѐ става во недоумица дали воопшто е здраво и правилно повторно замрзнување на веќе еднаш одмрзнато месо.
Како општо правило, ако можете да избегнете повторно замрзнување на храната, треба. Обидете се да ја извадите само количината што ќе ви треба за вашиот оброк, за секој пат да обезбедите максимална свежина.
Понекогаш преценувате колку месо ќе ви треба за рецептот, но ако го одмрзнете и потоа го вратите во замрзнувач, може сериозно да влијаете на целокупниот вкус и квалитет на производот.

Откако ќе го замрзнете месото, тоа ја губи влагата. Секогаш кога оставате замрзнато пакување месо да се одмрзне пред да готвите, веројатно сте виделе течност да се собира на дното. Кога ќе го вратите во замрзнувач, повторно ја губи влагата, па вашите двојно замрзнати пилешки гради сигурно нема да бидат сочни колку што би сакале.
Меѓутоа, ако ви остане вишок одмрзнато месо и сакате повторно да замрзнете, можете да го сторите тоа ако сте го одмрзнале во фрижидер или на кое било друго место кое одржува температура под 5°C. Ако сте го одмрзнале месото на тезга или во микробранова печка, не замрзнувајте повторно. Доколку забележите непријатен мирис или различна боја на месо, не го употребувајте.
Откако вашето месо ќе се замрзне, имајте на ум дека не може вечно да остане во замрзнувачот. Стековите, шницлите и котлетите можете да ги чувате во замрзнувач околу една година, но мелено месо или варено замрзнато месо три до четири месеци.
Кога е можно, обидете се да процените точно колку месо ќе ви треба за оброк за да не се грижите за повторно замрзнување. Доколку не го оцените добро, тогаш следете ги овие едноставни чекори и нема да се грижите за свежината и дали е безбедно да го вратите во замрзнувач.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.