Варените јајца даваат чувство на ситост, но дали новата диета која се базира на варени јајца е ефикасна?
Оваа диета стана многу популарна, но и покрај тоа стручњаците се скептични.
Главната намирница врз која се базира оваа диета се варените јајца, но вклучува и риба и месо, зеленчук којшто не содржи скроб(зелен лиснат зеленчук, брокула, пиперка, морков), овошје(лимон, шумски плодови, лубеница, цитрон) и минимален внес на масти.
Ова значи дека јајцата треба да ги комбинирате со некои од овие намирници. На пример, две јајца со овошје за појадок или зеленчук со јајца за ручек или вечера.
Малку јаглехидрати, малку калории
Со целосно исфрлање на јаглехидратите од исхраната ќе изгубите килограми, но не на здрав начин.
Нутриционистите сметаат дека диетата базирана на варени јајца не ги обезбедува сите хранливи материи кои му се потребни на телото. На пример, не треба да јадете компири, пченка, грашок, банана, ананас и суво овошје.
Варените јајца се одлична намирница, но не треба да заборавите дека колку и да се здрави, тие се извор на холестерол и заситени масти.