Колку им е доволно? Американците признаа: “Станува сè потешко и потешко”

Американската воена индустрија има проблеми со „одржувањето“ на украинските трошоци, признаа американските власти.

Залихите на напредно американско оружје се топат се побрзо и побрзо, што може да влијае на способноста на Вашингтон воено да му помага на Киев во наредниот период, изјавија за Си-Ен-Ен тројца неименувани американски претставници.

Смалувањето на залихите, како и неможноста на американската воена индустрија да остане во чекор со испораките, ја ставија администрацијата на претседателот Џозеф Бајден во тешка позиција. Американците во последните месеци испратија во Украина најсовремено оружје во вредност од милијарди долари.

Еден од официјалните лица рече дека залихите „се намалува“, бидејќи САД имаат „ограничена количина“ на вишок оружје што можат да го испратат во Украина. Американците се особено загрижени за драстичното намалување на залихите на артилериска муниција од 155 милиметри, како и ракети за преносливиот противвоздушен систем „Стингер“, изјави еден извор за Си-Ен-Ен, а пренесува Раша тудеј на српски јазик.

Некои извори велат дека производството на други видови муниција, вклучително и антирадарски ракети HARM, ракети земја-земја GMLRS и противтенковска муниција Javelin, може да биде проблем во иднина, иако американските компании најавија дека ќе ги зголемат производство на овие видови муниција.

За прв пат по повеќе од две децении, САД не се директно вклучени во голем воен конфликт, по повлекувањето од Авганистан и Ирак во последниве години. Ова доведе до пад на производството на оружје, а Америка веќе не е во можност да произведе количина на муниција неопходна за конфликт со висок интензитет.

Намалувањата на залихите на оружје нема да доведат до пад на подготвеноста на американската војска, бидејќи оружјето испратено во Украина не доаѓа од критичните резерви, велат претставници на Пентагон.

Америка нема да може да испраќа оружје на неодредено време, но одговорот на прашањето „колку е доволно“ е многу субјективен и во голема мера ќе зависи од тоа колку Пентагон е подготвен да ризикува, рече еден американски офицер.

Една од причините за намалувањето на залихите е неможноста на американската воена индустрија да остане во чекор со зголемената побарувачка.

„Станува сè потешко и потешко“, рече конгресменот и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом Мајк Квигли. „Мислевме дека оваа војна ќе заврши за неколку дена, но сега изгледа дека ќе трае со години. Во време кога синџирите на снабдување се во хаос, Западот ќе има многу проблеми да ги исполни високите очекувања“, додаде тој.

Високиот функционер на Пентагон Колин Кал неодамна изјави дека ова е прва конвенционална војна со висок интензитет во последните децении, која врши притисок не само врз воените индустрии на земјите учеснички, туку и врз оние што тие земји ги поддржуваат, во случајов Украина.

„Секретарот за одбрана Лојд Остин од самиот почеток беше целосно фокусиран да не презема несовесни ризици и да не ги ставаме сопствените акции во ситуација што ќе ни оневозможи адекватен одговор во случај на нова криза во светот“, додаде тој.

Администрацијата на Бајден побара од Конгресот дополнителни 37,7 милијарди долари помош за Украина, од кои 21 милијарда долари ќе бидат потрошени за решавање на недостигот на оружје.

Републиканците, кои го освоија мнозинството во Претставничкиот дом на неодамна одржаните среднорочни избори, во последно време сè почесто го критикуваат испраќањето на големи количини скапо оружје во Украина, во време кога американската економија е во исклучително тешка положба.

Лидерот на Републиканската партија во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, рече дека нема да и даде на Украина „бланко чек“ за купување оружје, иако нагласи дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи: