Факт е дека вработените луѓе голем дел од времето го поминуваат со своите колеги и дека тоа може да создаде лажно чувство на блискост.
На работното место, пред сè, почитувајте ја професионалноста, а тоа вклучува и ненавлегување во лични теми и односи. Некогаш е неизбежно да се зближите со еден или повеќе колеги, но тоа не значи дека станувате најдобри пријатели со нив.
Ова се неколку нешта кои едноставно, не треба да ги споделувате со нив:
Вашата политичка определеност
Политиката секогаш е чувствителна тема што може да предизвика конфликт, бидејќи ретко кој има почит кон туѓиот став и мисли дека неговиот е најправилниот. Поради тоа, избегнувајте да откривате кои се вашите гледишта, дури и да сте најнеутрално определената личност во светот.
Колку пари заработувате
Вашата плата е деловна тајна меѓу вас и вашиот работодавец и тоа е правило од кое не се отстапува. Затоа, пред колегите не откривајте колку заработувате, бидејќи може да дознаете дека некој зема двојно поголема плата од вас, или пак некој друг да биде навреден што зема помала.
Што се случува во вашата спална
Со оглед на тоа дека она што се случува во вашата спална е меѓу вас и вашиот партнер, тогаш повеќе од јасно е дека таа информација може да биде споделена со најблискиот пријател, но никако и на работа. Тоа може да им даде отворен простор на некои колеги за непристојни коментари, но и рушење на вашата репутација.
Какви сте биле во минатото
Младоста е доста бурен и луд период речиси кај секоја личност, но тоа поминало и сега сте сериозна личност која ја гради професионално својата кариера. Поради тоа, апсолутно нема потреба вашите колеги да знаат колку сте пиеле во студентските денови и колку партнери сте имале пред да влезете во сериозна врска.
Дека сте во потрага по работа
Дури и да преговарате на ново работно место, останете во актуелното додека да потпишете договор со новата компанија. Откако ќе бидат готови формалностите, најавете го вашето заминување. Не кажувајте ја одлуката пред да биде официјална, бидејќи нештата може да се сменат во последен момент и да морате да замолите да останете (и тоа да не ви биде дозволено) за да имате пари за претстојниот период. Ако предвреме откриете дека планирате да заминете, почнуваат да гледаат на вас како на губење време. Затоа, чекајте додека да ја добиете новата работа и потоа заминете.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.