Колку кафе ни е доволно за будност и концентрација

Кофеинот не секогаш го има ефектот на будност кај човекот, па така, понекогаш може да испиеме и неколку шолји една по друга. Меѓутоа, новата формула за којашто научници тврдат дека може да ја одреди правата доза кофеин, многу е веројатно дека ќе помогне.
Жак Рајфман, директор на американскиот воен Институт за биотехнологија, во списанието „Џурнал оф Слип Рисрч“ објави и своја статија за новиот алгоритмот со кој се пресметува вистинската доза кофеин и вистинското време за кафе.
– Овој алгоритам го подобрува ефектот на будност за 64 отсто, а притоа се внесува истата количина кофеин… Но и доколку го намалиме вносот на кофеин до 65 отсто, ефектот повторно ќе биде ист, во најголем број случаи, истакнува Рајфман.


Формулата е сложена, и на некој начин, варира од случај до случај. Но, генералниот заклучок е дека се потребни само две така намалени дози во времето кога сме будни. Едната – скоро веднаш по станувањето од кревет, а другата – неколку часа подоцна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.