Секоја од нив е посебна и секоја ни нуди нешто поинакво…
Според ТикТок, потребни ви се неколку пријателки за да би имал исполнет социјален круг – поточно седум пријателки. Тоа е оној мал, но сепак не премал круг на девојки на кој можете да се потпрете и во кој секоја има своја јасно дефинирана улога.
Наводно, идеално би било да ги имаме сите, бидејќи секоја од нив нуди единствена перспектива или посебна вредност која никој друг не може да ја пружи.
Од личност од доверба што ја познавате од детството, па до најдобра пријателка која ве поттикнува да бидете најдобрата верзија од себе, еве какви пријателки треба да имате во животот:
Пријателка од детството
Тоа се оние личности со кои сте израснале, пријателка од градинка или од соседството со кои сте си играле како дете. Не е важно дали се гледате често, но со неа ја имате таа врска која секогаш ќе биде посебна.
Пријателка која може да ве насмее во секоја ситуација
Тоа е онаа девојка со која смеењето, забавата и добро поминатото време се загарантирани. Таа едноставно секогаш знае да ве расположи.
Пријателка со која можете секогаш да разговарате, но ништо не се менува
Сте станале пријателки поради некои посебни околности или искуства кои ве поврзуваат. Можеби не се гледате секој ден, но таа е првата личност која ќе ја повикате кога ви треба некој добар совет или обичен разговор.
Пријателка на која можете да ѝ кажете сѐ
Тоа е онаа пријателка која слуша, а не осудува и која секогаш ве поддржува. Со таква личност можете да ги споделите своите најскриени тајни и да бидете сигурни дека нема да ве осуди.
Пријателка која ви е како сестра
Ма таа е повеќе од пријателка, таа е член на семејството. Со неа делите сѐ, од облека, храна, па до сите тајни.
Пријателка со која не мжете да замислите да не бидете пријателки
Тоа е онаа личност која ќе ја сакате целиот свој живот. Дури и ако во некој момент од својот живот се скарате, секогаш ќе најдете причина да ѝ простите, бидејќи вашето пријателство е посилно од сѐ.
Пријателка која знае за сите ваши љубовни проблеми (дури и ако не сака да ги знае)
Таа трпеливо ќе ги слуша сите ваши љубовни маки и таа е спасот кога во љубовта не ви оди. Тоа е онаа пријателка која знае да дава најдобри совети за момчињата и врските.