Фејсбук веќе одамна објави дека работат на криптирање за Месинџер, но сè уште не презела никакви активности.
Фејсбук неодамна воведе нова безбедносна карактеристика за Месинџер, која ќе им овозможи на корисниците да ги отклучуваат идните пораки со скенирање на лица. Сепак, експертите за компјутерска безбедност изразија сомнеж за тоа решение.
Според експертот Зак Дофман, „шифрирањето од крај до крај е единствениот начин за значително подобрување на безбедноста на корисниците при користење на вакви апликации“.
Од Фејсбук го знаат тоа, наведува Дофман во текстот за „Форбс“ и потсетува дека компанијата одамна најавила дека работи на криптирање за Месинџер, но дека сè уште не сторила ништо.
Фејсбук исто така призна дека тоа ново ниво на заштита на Messenger е технички многу комплексно и трае со години.
Дофмен потсетува на неодамнешниот случај на хакирање на повеќе од 100 налози на познати корисници на Твитер, кога хакерите влегоа во нивните приватни пораки. Ова се случи затоа што пораките на Твитер не беа криптирани, бидејќи „Твитер, како Фејсбук со Месинџер, застана на половина пат“.
Нападот на Твитер ја истакна ранливоста на постојниот пристап кога некоја интернет платформа ги задржува клучевите за декриптирање на приватната комуникација на корисниците. Овие клучеви можат да се користат на барање на полицијата, но постои и ризик дека компјутерските криминалци би можеле со измама да ги злоупотребуваат.
Зак Дофман сугерира дека корисниците на Фејсбук Месинџер размислуваат да користат друга платформа за да испраќаат кратки пораки како што се Сигнал или Телеграм.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.