Колку чаши вода треба да пиете дневно?

Водата е неопходна за нормално функционирање на секоја ќелија, ткиво и орган во телото. Тоа го вклучува и мозокот, срцето, белите дробови, мускулите, кожата па дури и косата.
Познато е дека се препорачува да консумирате осум чаши вода дневно. Доколку земете предвид дека две третини од човечкото тело е сочинето од вода, потребата за течност е јасна.
Исто така, водата во нашето тело е потребна за транспорт на хранливите состојки, за регулирање на телесната температура, за отстранување на непотребниот отпад преку урината и потењето.
Ако не внесувате вода, доаѓа до дехидратација во телото, што се манифестира со умор, бел јазик, сува кожа, лош здив, главоболка, исцрпеност итн.


Колку вода треба да пиеме?
Препораката за консумирање осум чаши вода дневно е лесна и се помни.
Заборавете дека треба да пиете вода исклучително кога сте жедни, затоа што така ќе го потиснете механизмот на жед.
Според лекарите, на просечниот возрасен маж му треба 3,7 литри вода, а на просечната жени 2,7 литри дневно. Бремените жени треба да пијат 3 литри дневно, а доилките 3,8 литри.
Добар совет е да ја следите бојата на урината, доколку таа има светла боја- тоа е добар знак, а доколку има темна боја значи дека сте дехидрирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.