Колку често и како треба да го миете реупотребливото шише за вода?

Експертите препорачуваат да не се пие вода од пластично шише или барем да не се користи истото шише повеќе од еднаш. Со цел да придонесете за поздрава животна средина, покрај тоа што ќе ги рециклирате пластичните шишиња, може да одберете и да не ги користите многу често, односно да употребувате стаклено шише за вода кое ќе го користите одново и одново, секако, со темелно миење.
Колку потесна е устинката, односно отворот на шишето, толку е потешко за чистење бидејќи и рачно и машински потешко се досегаат одредени делови на кои најчесто се собираат бактерии и мувла.
Ако користите шише со додаток на отворот во форма на црево или цуцла, редовно мијте ги и заменувајте ги тие додатоци бидејќи во нив се кријат најмногу опасности и стануваат „легло“ на бактерии.


Одговорот на прашањето колку често треба да го миете вашето реупотребливо шише за вода е – секој ден! И тоа темелно. Одвреме-навреме мијте го и во машина за садови.
Обично средство за миење садови и топла вода се сосема доволни за одржување на хигиената на шишето за вода. Устинката убаво истријте ја со сунѓерче за садови. Ако сметате дека шишето примило непријатен мирис или чувствувате дека му е време за потемелно чистење, потопете го во длабок сад со вода во кој сте раствориле сода бикарбона во размер 50:50. Нека отстои 10 минути и исчистете го со четка за миење шишиња. Темелно исплакнете го и оставете го да се исуши на воздух. Препорачливо е вака да го чистите шишето еднаш неделно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.