Колку често треба да се тушираме?

Повеќето луѓе, во просек се тушираат еднаш дневно. Новите истражувања, сепак, посочуваат дека е подобро да се биде малку “валкан”, со цел да се одржи природната рамнотежа и влажност на кожата.

„Бројот на туширањата зависи од активностите на поединецот”, вели д-р Дејвид Е. Бенк од Њујоршкиот центар за дерматологија. Тој додава дека ако имате физичка работа или ако вежбате најмалку еден час секој ден, тогаш дефинитивно треба да се туширате еднаш дневно.

Ако не припаѓате на оваа група луѓе, овој експерт ве советува дека можете да се туширате секој втор ден и повторно да бидете чисти. Избегнувањето на секојдневното туширање има свои предности, бидејќи прекумерното изложување на кожата на вода може да ја наруши нејзината рамнотежата и влажност и да доведе до прекумерно сушење на кожата.

„Туширањето секој втор ден помага да се одржи нивото на природни масла во кожата, поради кои таа станува помека. Исто така, ќе се избегне иритација на кожата предизвикана од топла вода за време на туширањето”, тврди д-р Бенк.
Сепак, не треба да се претерува со паузи во туширањето, бидејќи неговото избегнување може да доведе и до проблеми со кожата.

Неопходно е да се истуширате барем два до три пати неделно за да се избегнат непријатните мириси, но и да се измијат мртвите клетки на кожата, како и евентуалните бактерии и габи кои можат да предизвикаат инфекции и појава на акни, заклучува дерматологот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.