четврток, 12 ноември 2026
Најново

Коловозите влажни, можни одрони кај клисурите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патните правци надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.
Поради влажноста на коловозите се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Поврзани вести