четврток, 12 ноември 2026
Најново

Командантот на украинските копнени сили, генерал Михајло Драпатиj, поднесе оставка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал-мајор Михајло Драпатиj, одлучи да поднесе оставка по рускиот ракетен напад врз тренинг-центар на копнените сили, во кој загинаа најмалку 12 лица.

„Ова е свесен чекор, диктиран од моето лично чувство на одговорност за трагедијата на 239-от тренинг-полигон, што резултираше со смрт на нашите војници. Како командант, не бев во можност целосно да обезбедам извршување на моите наредби“, изјави украинскиот генерал на Телеграм, пренесува УНИАН.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Драпатиj, исто така, рече дека започнал истрага за сите околности на трагедијата – постапките на командантите, состојбата на засолништето и ефикасноста на системот за предупредување

Поврзани вести