Печените праски со сладолед се едноставен десерт, а особено се истакнуваат затоа што се комбинација од топли и ладни состојки, кои во исто време нудат освежителен и кремаст вкус.
Потребни состојки:
праски
ореви
сладолед
засладувач по желба
Подготовка:
Прво загрејте ја рерната на 150°C. Додека се загрева рерната, пресечете ги праските на две половинки. После тоа наредете ги во тавче на хартија за печење. Праските потоа треба да се попрскаат со шеќер или кој било друг засладувач по желба. Можете дури и да ги премачкате со мед.
Сепак, можете да прескокнете додавање засладувач. Она што му дава посебен вкус на овој десерт се секако јаткастите плодови. Можете да додадете различни јаткасти плодови, само важно е претходно да ги исечкате.
Кога ќе ги додадете оревите, ставете ги праските во рерна и печете околу половина час на 150 степени. Кога ќе бидат готови, оставете ги неколку минути да се изладат, а потоа секоја праска послужете ја со топка од омилениот сладолед.