Коментар од поранешниот шампион за Ферстапен

Нико Розберг изрази незадоволство од случката што ја предизвика Макс Ферстапен со Џорџ Расел во завршницата на шпанската Гран при. Според поранешниот шампион, санкцијата била премногу лесна и дека Холанѓанецот требало да биде исклучен.
Во последните кругови од шпанската трка имаше голем инцидент меѓу Ферстапен и Расел, што предизвика доста реакции во Ф1 светот.
Розберг, некогашниот првак, беше еден од најгласните критичари, осудувајќи го остро однесувањето на возачот на Ред Бул.
Тој смета дека наместо само казна од десет секунди, Ферстапен заслужувал директно исклучување од трката.
„Ова е неприфатливо. Требаше да биде покажано црно знаме, не постои друго решение“, изјави Розберг во емисијата на „Скај Спортс“.
Според него, Ферстапен првично бил во право, но тимот го принудил на потег што довел до хаос.
По рестартот на трката, Ферстапен излета од патеката во првата кривина шест круга пред финишот. Ја загуби позицијата од Леклер, но пресече шиканата и излезе пред Расел.
Поради тоа, доби наредба да го пропушти возачот на Мерцедес, што го изнервира.
Во петтата кривина забави да ја врати позицијата, но одеднаш забрза и дојде до контакт.
Конечно, во 11-та кривина го пропушти Расел, но сепак го казнија со десет секунди.
Ова го спушти од петтата на десеттата позиција.
The post Коментар од поранешниот шампион за Ферстапен appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: