Комисијата за помилување ќе биде конституирана за два-три дена, најави Сиљановска Давкова

Новиот состав на Комисијата за помилување ќе биде конституиран за два-три дена, најави претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека досега прифатиле пензионираната судијка од Врховниот суд Милка Ристова, професорите Оливер Бачановиќ, Афет Мамути, Александра Груевска и психолог професор од Факултетот за безбедност Драгана Батиќ.

Согласност, како што појасни Сиљановска Давкова, очекува уште од еден почитуван пензиониран новинар и од уште една професорка по казнено право од Штулов универзитет.

– Најважното за оваа комисија е прво, бидејќи доаѓа Нова година, а тогаш има помилувања, да го стори тоа. Ама, час поскоро да ги свика членовите на сите претходни комисии за помилувања, за да ги чуе нивните забелешки, искуства и предлози. Потоа, исто така, да свика, претседателката на Комисијата една расправа, знаете дека беше изработена работна верзија на Закон за помилување.

Нашиот Закон за помилување сега е многу дефектен, после промените, значи укинувањето на одредби од Уставниот суд, навистина, нам ни треба еден закон компатибилен со европските и мислам дека тогаш Комисијата ќе може да го преземе товарот на одлучувањето, изјави Сиљановска Давкова, во интервју за МРТ.

Нам ни треба закон, нагласи Сиљановска Давкова, во кој точно ќе се утврди кој, како и што прави, но најголемата опасност за овој процес е да се политизира или партизира.

Пронајдете не на следниве мрежи: