четврток, 12 ноември 2026
Најново

Комити од Крстот на Водно го најавија дуелот со Шкендија в недела

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се враќа во акција по зимската пауза во Првата лига, а прв предизвик ќе му биде Шкендија на 16 февруари од 14 часот. Влезот на стадионот ќе биде слободен.

Навивачите на Вардар, „Комити“ на оригинален начин од Крстот на Водно го најавија стартот на пролетниот дел од сезоната.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„СО ГОСПОД НАПРЕД – НАШ Е ВАРДАР!

Наближува втората полусезона, второто полувреме од борбата за клубот!

Седењето дома или на јужна, грицкањето семки и водењето празни муабети кои не водат никаде, не помагаат – напротив!

Само сплотена западна трибина може да го надмине предизвикот, само обединети за клубот и водени од ставот кој останува јасен и непроменет, можеме да успееме!

Во недела, да покажеме дека досегашната борба не била залудна, дека никој не може да успее во намерата да го сруши сето она кое крваво сме го граделе со години и дека над сите нас, над секој проблем со кој се соочуваме се наоѓа ВАРДАР, клубот и идеалот за кого живееме!

Ќе минат сите зла, но нема сами од себе. Затоа сме потребни сите ние – ЗАЕДНО!

Затоа подготви се за борба, за уште едно пеколно издание и да… ЗА РЕПЕТЕ затоа што Шкендија ‘го сака тоа’!“, соопштија навивачите.

Поврзани вести