Компанијата Samsung го претстави новиот смартфон Galaxy S IV

Јужнокорејската компанија Samsung ја претстави во Њујорк четвртата генерација од смартфонот Galaxy S, со 12,7 сантиметарски дисплеј и можност да функционира без директно допирање на екранот.

 
Уредот базиран на Android 4.2.2 Jelly Bean ќе и' овозможи на компанијата Samsung да ја засили конкуренцијата во однос на својот најголем ривал во сегментот на мобилните уреди – американската компанија Apple. Според податоците на Strategy Analytics, во четвртиот квартал од 2012 година, смартфонот Apple iPhone 5 стана најпопуларниот ваков апарат во светот, надминувајќи го лансираниот пролетта минатата година Galaxy S III. Но и покрај тоа, за помалку од едена година моделот Galaxy S III бил продадено во повеќе од 40 милиони примероци.
Новиот смартфон Galaxy S IV е опремен со екран со висока резолуција, направен според технологијата Full HD Super AMOLED, и со поголема отколку кај неговиот претходник дијагонала од 12,7 сантиметри. Во уредот, исто така, е вградена главна камера со резолуција од 13 мегапиксели, којашто може да снима до 100 снимки за 4 секунди, и 2-мегапикселна фронтална камера. Функцијата Dual Camera овозможува истовремено снимање на фотографии и видео, а функцијата Sound&Shot овозможува на снимката да се додаде звук.
Верзијата Galaxy S IV на поголемиот дел од светските пазари ќе биде поддржувана од технологијата на четвртата генерација LTE (на другите пазари ќе биде достапна верзијата со HSPA +). Истовремено, уредот ќе работи во мрежите и на фреквенциите LTE на глобално ниво.
Овој модел смартфон обезбедува напредни методи на интеракција со корисникот. Така, функцијата на Air View му овозможува на корисникот работа со сензорскиот екран без директен контакт, а функцијата Air Gesture овозможува контрола на голем број функции со дефинирани гестови. Сервисот S Translator обезбедува моментален превод на зборови, фрази, пораки и чат на 9 јазици. Функцијата Knox, пак, го разделува персоналниот од работниот простор на смартфонот. Функцијата ChatOn овозможува видео повици со учество до четири лица.
Новитетот ќе се појави на пазарите во 155 земји во светот со поддршка од 327 оператори на крајот од април годинава. Во моментот кога ќе биде пуштен во продажбата, овој смарфтон ќе биде достапен во црна и бела боја, а во иднина ќе има модели и во други бои.
Макфакс
Јужнокорејската компанија Samsung ја претстави во Њујорк четвртата генерација од смартфонот Ga

Пронајдете не на следниве мрежи: