500гр компири по потреба мешан сув зачин 1 лажица црвен пипер по потреба сушен магдонос 50мл масло за јадење 50гр путер Пред да се снабдам со рерна, морав некако да импровизирам со готвењето на компир, а тоа да не е само пржен или пире. Веќе претпоставувате, дека компирот го користам многу често, уште водка немам направено од него хаха. Јас го правев овој компир за двајца, значи отприлика околу половина килограм компир. Според, таа количина, од око зачинував. Најпрво, излупете го компирот на коцки од по три цм. Во тенџере на оган, налејте вода. Откако водата ќе почне да врие, во неа истурете го компирот и варете, до омекнување околу седум минути. Значи, од време-на време, проверувајте ги компирите, тие не треба да се многу сварени, туку само омекнати. Бидејќи имам правено со повеќе сорти на компир, на секој компир му е потребно различно време за да се подвари, па затоа ви го кажувам овој совет. По седум минути, тргнете го компирот и изцедете го од топлата вода. Во друга длабока тава, ставете го путерот, промешан со масло за јадење да се загрее. Јас ставив околу, 50 гр путер и скоро 50мл масло за јадење, но секогаш настојувам, односот на путерот да е поголем од маслото за јадење. Потоа, тука, ставете го компирот и пржете додека не зарумени и не добие убава златникава боја. Не го мешајте премногу со лажица, туку промрднувајте ја тавата. Пред крајот, посолете по вкус, додајте мешан зачин и сувиот магодонос и додајте го пиперот. Околу една лажица за оваа доза, додадов јас пипер. Пропржете уште малку, па сервирајте го топло. На здравје!Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.