Компјутерскиот гениј Арон Шварц се самоуби

   Коосновачот на интернет страницата Reddit, кој се бореше за содржината на интернет да биде бесплатно достапна на јавноста Арон Шварц (26) се обеси во петокот вечерта во својот стан во Бруклин.
Тој изврши самоубиство неколку недели пред почетокот на судењето поради наводната кражба на милион новинарски статии од електронската архива која сакал на корисниците да им ја даде бесплатно. Доколку би бил прогласен за виновен, можеше да биде осуден на неколку децении затвор и голема парична награда.
Шварц кој патеше од депресија, прогласен е за мртов во петокот вечерта. А бил пронајден од неговата девојка која повикала полиција.
“  Ароновата неисцрпна љубопитност, креативност и брилијантност, неговата длабока емпатија и способност за несебична, безгранична љубов, неговото одбивање да ја прифати неправдата како неизбежна, сето тоа го направи светот и нашите животи да бидат поубави. Ние сме му благодарни за времето кое го поминавме со него, благодарни сме на оние кои го сакаа и го подржуваа и на сите оние кои ја продолжуваат неговата работа”, – соопшти семејството на Шварц.
Меѓународната непрофитна организација за дигиталните права Electronic Frontier Foundation изјави дека Шварц бил “ врвен хакер и активист” , пренесува АР.
„ Тој повеќе од било кој придонесе интернетот да стане и остане плоден екосистем за отворено знање”,  додаде оваа организација.   Коосновачот на интернет страницата Reddit, кој се бореше за содржината на интернет да биде бесплатно достапна на јавноста Арон Шварц (

Пронајдете не на следниве мрежи: