Конечно – Суспендиран инспекторот од Битола за кој Инфомакс објави дека си изградил дивоградба!

Конечно по месец и половина откако Инфомакс го објави скандалот за битолскиот инспектор кој според локалното население си изградбил дивоградба, истиот е суспендиран.

Против него Основното јавно обвинителство веќе води истрага за злоупотреби во вршењето на службената положба и овластување.

Мицевски во инспекторатот во Битола ја има преживеано секоја влада и речиси 14 години фигурира како инспектор во Општина Битола. Накратко, доколку се покаже дека објектот е неделагелн, излегува дека токму оној кој треба да го спречи дивеењето на дивоградбите, самиот има изградено нелегален објект со базен на земјиште кое во Агенцијата за катастар на недвижности се уште е заведено како нива со помошни објекти фарми.

Од јавно достапните податоци во Агенцијата за катастар на недвижности може да се забележи дека на имотниот лист постои само „придружен објект – фарми“, не и било каков објект за домување или други намени.

Од документот во продолжение можете да видите дека ова е состојба на ден 31.03.2025 година, имотниот лист гласи на име на Мицевски Кирил, а на парцелата има нива помошни објекти.

Прочитајте повеќе на линкот во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи: