Конзервираната туна содржи 100 пати повеќе цинк од дозволената граница, се наведува во студијата спроведена на универзитетот во Бингамтон, чии резултати се објавени во списанието “Food and Function”.
Овие количини на цинк можат да ги оштетат човековите црева.
“Зголемувањето на пропустливоста на цревата не е добро, бидејќи тоа значи дека соединенијата кои не би требало да поминат низ крвотокот, можат да поминат. Оваа здравствена состојба е позната во медицината како “синдром на пропустливи црева” и може да предизвика мултиплa склероза. Во суштина доаѓа до оштетување на имуниот систем поради материите кои организмот ги апсорбира низ цревата”, изјавил Гречен Малер, водечки научник на студијата.
Зголеменото ниво на цинк во организмот се манифестира преку повраќање, мачнина, губење на свеста и висока температура.
За потребите на истражувањето, научниците анализирале конзерви од пченка, туна и пилешко. Утврдено е дека најголеми количини на цинк содржат конзервите со туна.
Најголемата концентрација на овој елемент се наоѓа во средина на конзервата и тоа 100 пати повеќе од она што е безбедно за организмот. По туната, следува пилешкото месо.
Големите количини на цинк можат да предизвикаат пад на железото и глукозата во организмот. Научниците предупредуваат дека долгорочната изложеност на големи количини на цинк може да има сериозни последици по здравјето на човекот.