Конзумацијата на ШЕЌЕР нема да доведе до дијабетес! Лекар го разби митот, па предупреди на овие симптоми

Претседателот на Здружението за дијабетичари на Србија, Александар Опачиќ, за време на своето гостување во утринската програма – Прва телевизија, зборуваше за зголемената инциденца на дијабетес 2, какви митови се поврзани со него, но и колку често треба да се контролира.
– Најчести знаци на тревога се сува уста, често мокрење, зголемена жед. Има и замор, чувство дека „не сте многу полни со енергија“, некои заболувања, луѓето честопати дури и ги игнорираат овие симптоми, ги припишуваат на напор или стрес на работа. Сметаат дека секако не се работи за висок шеќер, а раното откривање е многу важно. Превенцијата е целта, особено кога зборуваме за дијабетес тип 2. Кај тип 1 одлучува генетскиот фактор, но кај тип 2 превенцијата е многу важна. Дневно, минимум 30 минути физичка активност го намалува ризикот од дијабетес тип 2 за дури 50 проценти. Ако на тоа се додаде и здрав начин на живот, кон кој сите треба да се стремиме, ризикот се намалува. Без алкохол, цигари, со здрава исхрана богата со зеленчук и овошје, тие го намалуваат ризикот за 75 отсто – рече Опачиќ и додаде дека не се точни тврдењата дека дијабетесот може да се добие од прекумерен шеќер.
– Тоа е мит, кој навистина треба веднаш да го скршиме. Шеќерот или дијабетесот не се добива со јадење слатки, а потоа добивате дијабетес. Кај дијабетес речиси исто е дали ќе изедеме една лажица брашно или една лажица шеќер. Кога одиме на контрола и го проверуваме шеќерот, тогаш велиме, вчера бев на слава, не е важно што сте јаделе претходниот ден. Ако вашиот панкреас работи правилно, два часа после оброк се доволни за да го намалите шеќерот во нормала. Што јадевте вчера, денес е неважно за резултатите – рече тој.
Претседателот на Здружението за дијабетичари на Србија посочува и колку пати годишно треба да се контролира шеќерот.
– Сакаме да кажеме, еднаш во шест месеци, но ако некој нема наследен фактор, тогаш доволно е да го мери шеќерот во крвта еднаш годишно. За жал, тоа не е така во пракса, апелираме до здравите луѓе да прават превенција, за ова постојано се зборува и светската статистика е се полоша и полоша. Се додека не не здоболе, како што велат лекарите, нема да одиме на лекар, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.