Ако сакате празничната трпеза да ја збогатите со вкусна салата, тогаш пробајте го овој наш предлог за салата со кулен.
Руската салата е задолжителна за време на зимските празници, а оваа година ви предлагаме да ја направите оваа салата со кулен, наречена шустрик. Уште полесно се прави од руската, бидејќи зеленчукот не се вари, а вкусот е фантастичен. И така, ако ви треба рецепт за салата кој ќе ги воодушеви сите, тогаш задолжително пробајте го овој.
Потребни состојки:
3 јајца
30 гр младо кромитче
1 краставица
80 гр кашкавал
50 гр кулен
150 гр конзервиран грашок
4 лажици кисела павлака
2 лажички сенф
листови од зелена салата
масло
сол
бибер
Подготовка:
Посолените јајца се матат, па се пржат на малку масло. Исечете ги на мали парчиња. Во сад истурете ја павлаката и сенфот, посолете и побиберете и убаво измешајте. Кајганата, краставицата, младото кромитче и куленот ситно исечкајте ги и додадете ги во садот. Истурете го грашокот од конзерва, па додадете малку ситно сечкан кашкавал. Убаво измешајте. На чинија за послужување наредете листови зелена салата, па истурете ја салатата и израмнете. Украсете со преостанатиот поктупно рендан кашкавал. Послужете.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.