Конкурс за фестивалот Звукот на Скопје 2025 отворен од КИЦ – Скопје

Културно Информативен Центар – Скопје најавува повик за учество на сите музичари и уметници од различни сфери во настанот „Звукот на Скопје“ што ќе се одржи во 2025 година. Заинтересираните се покануваат да достават апликација во ворд документ, кој треба да вклучува: краток животопис, опис на проектот и доколку е потребно, материјали кои се поврзани со проектот (како линкови, фотографии, технички рајдер и слично). Документите треба да се испратат на електронската адреса info@kic.mk, со наслов „За ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ“. Конкурсот е отворен до 2 мај 2025 година, соопштуваат одговорните. Финансирањето на проектите ќе биде поддржано од Град Скопје и Министерството за култура, додека изборот на проекти ќе го направи комисија составена од претставници на Културно Информативен Центар – Скопје и Град Скопје.
The post Конкурс за фестивалот Звукот на Скопје 2025 отворен од КИЦ – Скопје appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: