Дуа Липа во катастрофално модно издание! Длабокото деколте и размачкана шминка !!

Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа (27) се појави на црвениот тепих во Лос Анџелес.

Таа присуствуваше на настанот „Jingle Ball KIIS FM 2022“, но нејзината облека не беше баш најдобра.

Таа носеше црно-црвен кожен топ од кој за малку ќе и’ испаднаа градите со миди здолниште од ист материјал и боја. Таа облече длабоки црни чизми со врвка кои беа покриени со здолниште што не ѝ прилегаа на нејзината фигура.

Добитничката на Греми сакаше да остави впечаток на садо-мазо дама, но од моден аспект тоа не беше така. Многу модни дизајнери се согласуваат дека кожата како материјал е многу незгодна. Треба да знаете како да направите соодветен крој, а не секој може да носи ваква гардероба бидејќи може да ја ,,деформира” личноста.

Пејачката искомбинирала и светкаво ланче со речиси идентична нараквица во форма на змија.

Нејзината шминка беше многу едноставна, но она што паѓа во очи се усните, чија линија реши да ја „подобри“, односно да ги нацрта повеќе од потребното, па карминот и се „прели“.

Дали се работи за лош кармин или намерно ја измислиле за да и’ ја направат устата поголема, останува мистерија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.