Контрола на пешаците, во Гостивар 6 казни






Полициски службеници на СВР Тетово денеска (19 март) од 8 до 13 часот спровеле акциска контрола на пешаците и нивното однесување како учесници во сообраќајот. Како што информираат од полицијата, при контролата бил санкциониран 21 пешак (Тетово-15 и Гостивар-6), најголемиот број од нив поради преминување на улиците надвор од обележани премини.

На сите пешаци-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за овој вид прекршок се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, санкционирани биле и шест други видови сообраќајни прекршоци.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: