Контрола на полицијата во угостителски објекти, приведени 62 лица, пронајдена дрога

Од полноќ до 4.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи спроведена е акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење и продавање на алкохол на малолетници во 267 угостителски објекти на 26 локации, информираше МВР. 

Во рамки на контролата на подрачјето на СВР Тетово откриено е едно кривично дело казниво по чл. 215 од Кривичниот законик, при што кај едно лице е пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на СВР Скопје приведени се 61 лице, од кои 60 малолетници, кои по полноќ се затекнати во ноќен клуб и тие се предадени на родителите, а едно лице поради напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, по чл.383 од Кривичниот законик.

За време на контролата откриени се вкупно четири прекршоци, по Закон за угостителска дејност на подрачјето на СВР Струмица, по Закон за пушење, Закон за лична карта и Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите на подрачјето на СВР Скопје, за кои се издадени соодветни платни налози, се наведува во соопштението од полицијата

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.