Конференцијата за развивање на дигитални игри MAGDA Game Dev 1UP

Во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, се одржува првата
онлајн конференција за развивање на дигитални игри во Македонија, MAGDA Game Dev 1UP.
Конференцијата е дел од проектот Creative Producers in the Western Balkans 2021 – 2022 на British
Council. Наменета е за сите кои професионално работат на развивање на дигитални игри, но и за тие
кои би сакале да ја насочат својата кариера во овој правец.
Конференцијата започна на 5. мај и ќе се одвива вкупно месец и половина. Предавањата се
одржуваат неделно, секоја среда, со почеток во 18 часот. Водени се од професионалци во гејм
индустријата кои од прва рака ќе ги пренесат нивните искуства. Опфатени се повеќе аспекти на
развивање на дигитални игри вклучувајќи Level Design, Game Design, Character Art, Sound Design,
Game Production, Game Programming, Monetization и AI in Games.
Наредни предавања кои ќе може се проследат се:
 18. мај
o “Developing Hyper-casual Games” со Иво Нешковиќ, ко-основач на Furious Avocado
o “Креирање на последователни дијалози во игри и нивно разгранување” со Мартин
Петковски, мултидисциплинарен програмер во KAMAi MEDIA
 25. мај
o “Making a Tasty VR Game” со Doug North Cook, Head of VR Fund во Robot Teddy
o “AI Doesn’t Want to Kill You” со Петар Котевски, основач на KAMAi MEDIA
 1. јуни
o “Monetization and Economy in F2P Games”, со Небојша Митриќески, Senior Game Economy
Designer во Kabam
o “Music for Video Games 101” со Нино Васков, Game Composer во Half Past Yellow

Следењето на предавањата е бесплатно.
Сите предавања се со симултан превод на знаковен јазик!
Регистрацијата и следењето на предавањата се прави на нашата веб страница www.magda.org.mk

Macedonian Game Developers Association – MAGDA
vwww.magda.org.mk • www.gamejam.mk

На крајот на конференцијата, викендот 18. и 19. јуни во Скопје ќе се одржи дводневен game jam
настан со физичко присуство, кој ќе има натпреварувачки карактер. Учесниците ќе имаат можност да
осмислат идеја и да креираат прототип на дигитална игра. Поканети се да учествувааат сите кои ги
следеа предавањата, како и секој кој би сакал да се обиде да развие игра. Пред почетокот на
настанот ќе може да се проследи предавањето на Наум Михајловски, ко-основач и раководител на
Furious Avocado, на тема “Како да дизајнирате Хајпер-кежуал хит игра“.

Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА е невладина организација, формирана во
2013 година. Нашата мисија е да го поддржиме и промовираме развивањето на игри во Македонија,
како и да помогнеме во проширување на заедницата. За таа цел во изминатите години имаме
организирано поголем број на настани меѓу кои 10 настани Global Game Jam Македонија како дел од
најголемиот интернационален game jam настан; Game Развиотка, 3 мини конференции во соработка
со Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ); T-Home Game Weekend конференција во соработка со
Македонски Телеком, како и Game Jam Plus натпревар кој вклучува акцелераторски период и
овозможува натпреварување на европско и светско ниво. Во периодот 2015 – 2017 година, во
соработка со GAUSS Institut Битола и со поддршка на Амбасадата на САД, МАГДА раководеше со
Game Developers Hive во Битола, инкубатор и центар за едукација во сферата на дигиталните игри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.