Конференцијата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху е откажана

Белата куќа ја откажа предвидената заедничка прес-конференција закажана за попладнево меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Предвидената прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп е откажана, објави претставник на Белата куќа, пренесе Си-Ен-Ен.Нетанјаху денеска се сретна со Трамп во Белата куќа, а главна тема на разговор ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел, соопштија од кабинетот на Нетанјаху.Најавено е дека двајцата лидери ќе разговараат и за заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, потенцијалните тензии меѓу Израел и Турција во Сирија и напорите за одвраќање на Иран.

Пронајдете не на следниве мрежи: