Конфликтот во Украина може да се прошири, предупредува Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон, наведувајќи ги неодамнешните инциденти во отцепениот молдавски регион Придњестровје, гледа можност украинскиот конфликт да се прошири и во соседните земји.

Говорејќи на прес-конференцијата со неговата молдавска колешка Маја Санду во четвртокот, Макрон рече дека „неприфатливата агресија“ на Русија против Украина „претставува закана за стабилноста за целиот регион и, особено, за Молдавија“.

Во текот на последните неколку недели, Придњестровје пријави бројни напади од беспилотни летала во близина на нејзината граница со Украина. Самопрогласената република ги дефинираше мистериозните инциденти како акти на „терор“. Од гледна точка на Макрон, овие инциденти „покажуваат дека не може да се исклучи ширењето на конфликтот во соседните земји“.

Францускиот претседател нагласи дека неговата земја внимателно ги следи случувањата во регионот и останува целосно посветена на „стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија“.

Забелешките на Макрон ги повтори во сличната изјава и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Минатиот месец, шефот на Пентагон, коментирајќи ги настаните во Придњестровје, рече дека неговата земја не сака да види „никакво прелевање“ на конфликтот во Украина. Русија, чии мировни сили се стационирани во отцепениот регион откако примирјето во 1992 година го замрзна конфликтот со Кишињев, исто така рече дека „ја следи ситуацијата многу внимателно“.

Истакнувајќи дека Молдавија, како сосед на Украина, се соочува со „особено тешка“ хуманитарна ситуација, Макрон ја поздрави великодушноста на земјата кога станува збор за украинските бегалци и вети дека ќе работи со партнерите на обезбедување долгорочна финансиска поддршка за Кишињев.

Макрон, исто така, изрази надеж дека Европската унија брзо ќе даде мислење за апликацијата за членство на Молдавија, која земјата ја поднесе, заедно со Украина и Грузија, по започнувањето на руската воена операција во Украина.

Разбираме дека пристапувањето во ЕУ е долг процес, не сакаме кратка патека“, одговори Санду.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.