Доцна вечерва градоналачалничката на град Скопје Данела Арсовска, пак, ја осуди ваквата, како што стои во соопштението, герила акција на Ганиу, која ја оцени како притисок и обид да се пресмета со неа, по објавувањето изминативе денови, на негови наводни криминални зделки со дивоградбите. Таа меѓу другото наведува и дека општината Чаир на ЈП „Комунална хигиена“ му должи седум милиони денари.
„Ти фативме низ општина Чаир со камиони како градежниот и кабаст отпад ги фрлаш во и околу наши контејнери, за да не напаѓаш, за што МВР и инспекциските служби ти го конфискуваа камионот. 7 милиони му должиш на Комунална хигиена! Ќе те чекам и во град Скопје со сите докази за дивоградбите“, изјави Арсовска.
The post Конфликтот меѓу Арсовска и Ганиу продолжува, камион со отпад оставен пред Град Скопје (ВИДЕО) appeared first on 365.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи: