Коралните брегови како најголем извор за правење на лекови

Коралните брегови се едни од местата населени со најразнообразни организми на планетата. Тие идилични комбинации на бои и живот заземаат само 0,1% од планетата земја, а се дом на ¼ од сите морски животни.
Како резултат на тоа, во нив има толку многу и толку различни животни што оние организми кои живеат таму мораат постојано да се борат за опстанок, за простор и за храна. А, бидејќи во голем дел, организмите кои живеат по коралните гребени се неподвижни и вечно остануваат таму, тие создаваат хемикалии за да се одбранат од грабливците.
Токму овие хемикалии кои постојано еволуираат во организмите кои живеат во коралните гребени се решението за создавање на нови, до сега неоткриени лекови,кои ќе помогнат во неизлечливите болести на денешницата, како ракот, алцхајмеровата болест, разни вируси, артритис и слично.
Научниците веќе имаат земено примероци и имаат препознаено многу од сложените хемикалии пронајдени по гребените, а сега прават се во нивна моќ за да ги донесат на пазарот они кои можат да бидат од корист. Од друга страна пак, што би значело тоа за коралните гребени? Коралните брегови се едни од местата населени со најразнообразни организми на планетата. Тие идилични комбинации на бо

Пронајдете не на следниве мрежи: