КОРЕН КОЈ ГО ЧИСТИ ЦРНИОТ ДРОБ: За висок холестерол, замастен црн дроб и цироза

Пиењето многу вода е особено важно кога станува збор за прочистување на црниот дроб. Во продолжение може да ги прочитате рецептите за чистење на црниот дроб, и лекот за покачен холестерол со линцура.

Препаратите од оваа лековита билка, исклучиво треба да се земаат половина до еден час пред јадење. Доколку се земат непосредно пред оброк или после јадење, може да предизвикаат проблеми со варењето.

Овој лек се покажал многу ефикасен во намалување на холестеролот, кој е тешко да се намали доколку хронично се акyмулирал во кpвта. Сите знаеме колку проблеми може да предизвика високиот холестерол, тој е како поттик на други cepиозни болести, доколку не се лекува навремено. За овој лек, можеби ви кажала некоја постара личност, бидејќи во времето на нашите баби бил многу познат и „циркулирал“ секоја година помеѓу нивните домови.

За да го подготвите овој лек ќе ви биде потребно околу 20-30 г линцура и 1 литар вода. Најдобро би било доколку користите алкална, изворска вода, а да не користете обична вода од чешма.

Земете чисто, стаклено шише и наполнете го со водата, а потоа во него додајте ја мелената линцура, околу 20-30 г. Добро затворете го шишето и оставете го да отстои на темно и суво место 14 дена, со секојдневно протресување по двапати на ден.

По изминатото време, течноста ја процедувате и ја складирате во друго стаклено шише. Лекот се конcyмира еднаш на ден во една мала чашка (шолја), отприлика околу 50-60 мл. Во продолжение прочитајте го рецептот на билкарот Мартин Најдовски:

Рецепти на билкарот Мартин Најдовски: Тинктура-10 грама корен се прелева со 100 мл ракија (40-50%) стои 15 дена со повремено протресување. Се процедува и се пие по 10-15 капки во чаша вода 3 пати дневно 30 минути пред јадење. Чај: 1 кафена лажичка корен се прелева со 200 мл зовриена вода. Стои 30 минути па се пие по 2 до 3 шолји.

Не смее да се зема подолг период мора да се пие со паузи, односно да се пие 7 дена па пауза од 2-3 дена. Не смеат да ја земаат луѓе кои имаат чир на желудник и дванаесетпалечно црево, поради зголемување на желудечниот сок. Исто така не смеат да ја земаат луѓе со висок кpвен притисок, бремени жени и доилки. Пред употреба на препарати од народната медицина конcyлтирајте се со вашиот лекар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.