Користите смајлиња додека пишувате? Еве што тоа вели за вас

Секојдневно комуницираме преку Интернет, а еден од најлесните начини на кои можеме виртуелно да покажеме емоција е со смајли. Без разлика дали се класични емотикони или други знаци, еве што користењето смајлиња во пишувањето кажува за вас.
Едно необично истражување покажало дека луѓето кои сакаат да користат смајлиња во допишувањето преку СМС или онлајн-алатки имаат побогат љубовен живот.


Истражувачи од институтот „Кинси“ спровеле анкета со над 5,000 испитаници за користењето на емотикони во пишувањето. Било откриено дека луѓето кои најчесто користат смајлиња во комуникацијата почесто имале храброст да викнат некого на љубовен состанок.
Меѓутоа, смајлињата не се директно поврзани само со првиот состанок, туку и со започнувањето врска. Анкетата покажала дека луѓето кои користеле повеќе смајлиња во допишувањето почесто започнувале љубовни врски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.