Коронавирусот ја затвори конфекцијата „Мода“ во Свети Николе

Корона вирусот затвори уште една фабрика во Свети Николе. До четврток нема да работи конфекцијата „Мода“. По спроведениот скрининг вирусот е откриен кај уште 19 работници. Утринава на работа беа само работниците од првата смена.
Во фабриката вкупно има 31 заболен. Резултатите од новиот скрининг со кои ќе се опфатат сите 830 вработени, ќе дефинираат какви чекори ќе бидат преземени, информираат од компанијата.
Во меѓувреме драстичното зголмување на бројот на заразени ги исплаши светиниколчани. Во градот кадешто до јуни немаше ниту еден заболен, денес полупразен. Го немаше вообичаениот градски метеж.
Заразата не стивнува ниту во Штип. Неофицијално вирусот ги внесе епидемиолозите во уште една конфекција. До попладневните часови на штипска инфектологија се хоспитализрани 46 пациенти, а болницата се уште нема конкретен план кои други одделенија ќе бидат преадаптирани за пациенти со ковид 19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.