четврток, 12 ноември 2026
Најново

КОРОНАВИРУС: На Инфективна се 61 пациент, 11 се во тешка состојба (4 АПРИЛ 2020)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

КОРОНАВИРУС: На Инфективна се 61 пациент, 11 се во тешка состојба (4 АПРИЛ 2020)

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се во тешка состојба и се приклучени на механичка вентилација. Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега а се направени 4.920 тестирања за КОРОНА ВИРУС.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Најголем број на нови случаи се откриени во Струга, вкупно 14 со што вкупната бројка на заболени во државата се искачи на 483 случаи од кои 20 се веќе излечени.

Гледано по градови најголем број на заразени има во Скопје – 221. Во Куманово, каде од вчера на сила е полициски час кој ќе трае до понеделник наутро има 93 случаи.

Во Дебар се регистрирани 49 заболени, во Прилеп 24, а во Струга досега има 23 лица кои се позитивни на коронавирус.

Во Штип има 18 заболени, додека во Тетово се регистрирани 17. Во Велес има 9 случаи, во Битола Гевгелија, и Гостивар по четворица, Охрид – 3, Радовиш, Крива Планка и Каварадци имаат по двајца заразени, а во Струмица еден случај.

Прочитајте уште и:

Радио станици на Пулс24

Поврзани вести