КОРОНАВИРУС: 16 нови случаи, 2 починати, 16 излечени

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 7
– Куманово 6
– Прилеп 2
– Велес 1
Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.