Комбинацијата на состојките е едноставно неодолива, а ќе ви одземе помалку од половина час. За посните корпички полнети со чадена риба и цвекло сите ќе ви бараат рецепт.
За Бадник се подготвува посна вечера, а потоа целото семејство се собира околу трпезата во мир и тишина. Наш предлог е да послужите феноменално посно мезе кое се прави со риба и цвекло. Комбинацијата на состојките е фантастична, а ќе ја разубави секоја празнична трпеза. Лесно се прави, а освен варење на цвеклото, нема друга термичка обработка. На сите ќе им се допадне, а готово е за само 15 минути.
Потребни состојки:
15 посни корпички
1 чадена харинга (исчистена)
1 мало цвекло
50 гр посен мајонез
зелена салата
Подготовка:
Цвеклото сварете го, па откако ќе се олади изрендајте го. Корпичките премачкајте ги со мајонез, а измиената зелена салата исечкајте ја и ставете ја внатре. Одозгора ставете една лажичка рендано цвекло, па две парчиња исечена чадена харинга.
Навистина се подготвува брзо и лесно, а има одличен вкус.