Принцезата Шарлин неодамна присуствуваше на церемонијата на Светските награди за рагби во Монте Карло.Принцезата Шарлин неодамна присуствуваше на церемонијата на светските рагби награди во Монте Карло, а со својот стајлинг буквално ги засени сите присутни. Имено, овојпат принцезата се појави во малку поинаков стил од оној во кој сме навикнати да ја гледаме. Таа носеше долг црн фустан на модната куќа „Alexander McQueen“, со длабоко деколте залепен за телото, што многу ја истакна нејзината витка линија. Со фустанот искомбинирала корсет полн со розови и бисерни циркони, како и црна јакна и салонки во иста боја. Својата елеганција ја истакна со пар дијамантски обетки.Русата коса ја стави во пунџа, а со скромна шминка ја истакна својата природна убавина.
Пронајдете не на следниве мрежи: