Косово и Германија со меѓусебно признавање на возачките дозволи

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља и министерот за транспорт и дигитална инфраструктура на Германиј Оливер Лукшиќ потпишаа вчера договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи во двете земји.


Во објава на својата страница на Фејсбук, Свечља го оцени постигнувањето на договорот како „еден од најзначајните и најолеснителни процеси за косовските иселеници“.
– Нашите иселеници придонесуваат многу за нашата земја, но и за државите во кои живеат. Олеснувањето на животот и работата на нашето иселеништво е пред се наша обврска, која треба да се реализира со нашите сојузници, во сите земји во кои тие дејствуваат, напиша Свечља.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.