Косово ќе испрати два пакети воена помош за Украина

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци денеска изјави дека Косово ќе ѝ помогне на Украина преку два пакета воена помош, пренесува Репортерс.

„Владата на Косово одлучи да понуди два пакета поддршка за Украина. Првиот пакет ќе биде испратен оваа недела во Украина и се состои од тактички камиони, тактички возила и воени оклопни возила. Вториот пакет, кој се состои од минофрлачки гранати од 120, 81 и 60 милиметри, исто така наскоро ќе биде испратен во Украина“, рече Маќедонци.

Тој додаде дека ова е скромна, но важна помош за Украина во, како што наведе, моментално тешката фаза од нивната борба за слобода.

Пронајдете не на следниве мрежи: