сабота, 14 ноември 2026
Најново

КОСОВО: полицијата апелира за мирен протест во северно Косово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Косовската полиција повика денешниот протест во селото Рударе во северно Косово, организиран од локалните Срби кои поставија блокади на патиштата во тој дел од државата, да помине мирно и без инциденти.
Во денешното соопштение за јавноста се вели дека „залагањата за јакнење на јавниот ред и мир, нудењето безбедност за граѓаните и преземањето полициски мерки согласно ситуацијата и развојот на настаните на северот на државата, и натаму ќе останат примарни објективи и задачи на Полицијата на Косово“.

„Денеска на север од Митровица е најавено дека ќе се одржи протест/собир, поради што Полицијата на Косово, признавајќи го правото на јавни собири преку мирни протести, според службената должност се грижи за зачувување на јавниот ред и мир, како и за задачите одредени според Уставот на Република Косово“, се вели во соопштението.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Полицијата предупредува на опасност од инциденти, како последица на дејствувањето на, како што вели „криминалните групи на северот на државата“

„Имајќи ги предвид околностите и кревката безбедносна ситуација создадена од криминалните групи на северот на државата и тенденциите за дестабилизација на ситуацијата, Полицијата на Косово ги повикува граѓаните да бидат внимателни, да протестираат на мирен начин и да не станат жртви на можните провокации, од било каква природа“, се вели во соопштението.

Србите во Рударе денеска протестираат против изјавата на Курти, дадена во интервју за „Гардиан“, дека стравува оти при отсранувањето на барикадите може да има жртви, што според организаторите на протестот се толкува како најава на „истребување на српскиот народ во Косово“ и убивање на Србите на барикадите.

Поврзани вести