Трифун Костовски се обрати до јавноста по повод аукцијата на зградата на Еуростандард банка:
Во медиумите е обзнаено дека фирмата Пантелеон ГС на третата по ред и последна аукција понудила 5,37 милиони евра за дирекцијата на бившата Еуростандард банка, со купна квадратура од 3,500 м2 со можност на доизградба на нови 800 м2 во самиот епицентар на Скопје.
Го крчмите мојот имот без око да ви трепне.
Предупредувам дека мојата војна против организаторите на овој криминоген чин ќе оди до крај.
Зградата на бившата Еуростандард банка по ниту еден параметар не смее да биде подолу од 12 милиони евра.
Предупредувањето го упатувам до Стечајниот управител Саздовски и Одборот на доверители.
Немојте да дозволите да процедурално помине криминоген чин во обезвреднување на туѓиот имот за сметка на поединци и групи.
Самиот манипулативен чин за ефтино купување на мојот имот е ваш потег да го обезвредните собраниот капитал во стечајната маса и со тоа на јавноста да докажете дека јас и моето семејство сме виновни доколку не се соберат средства за обештетување на правните, физички лица и нас, акционерите.
– Трифун Костовски
Пронајдете не на следниве мрежи: