Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, денеска објави дека ЕУ ги следи извештаите за прекумерна употреба на сила против демонстрантите во Србија.
Кос изјави на X дека „правата на мирни демонстрации и слободата на собирање и изразување мора да се почитуваат“.
Таа додаде во соопштението дека ЕУ остро го осудува секој чин на насилство и омраза и дека основните права и вредности мора да се почитуваат.
Делегацијата на ЕУ во Србија, исто така, го осуди третманот на полицијата кон граѓаните на улиците низ Србија денес.
„Полициските акции мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права. Очекуваме брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводите за прекумерна употреба на сила“, изјави делегацијата на X.
Делегацијата на ЕУ додаде дека „секоја мерка на лишување од слобода или кривична санкција мора да се заснова на основано сомнение дека е сторено кривично дело и мора да биде оправдана и пропорционална“.