четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кочанчанец возел со 2,25 промили алкохол

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полицијата од ОВР Кочани го приведе 28-годишниот Д.Т. од село Спанчево, кочанско, кој возел со 2,25 промили алкохол во крвта.

-Денеска во 03.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Т.(28) од село Спанчево, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица – соопшти полицијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести