Резултатите од анализите и испитувањата на квалитетот на водата од гостиварскиот водовод, според најавите, треба да бидат готови до утре и предадени до Обвинителството.
Од Обвинителството велат дека откако ќе ги добијат резултатите ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката.
Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена.
Во петокот Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење.
The post Која е причината за загадувањето во Гостивар ќе биде познато утре appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



