четврток, 12 ноември 2026
Најново

Која намирница може да го скрати животот за 36 минути при секое нејзино консумирање?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Додека лекарите постојано ја нагласуваат важноста на исхраната во превенцијата на болестите, а бројните студии јасно покажуваат дека елиминацијата на одредени прехранбени производи од менито, како и зголемувањето на внесот на други, значително го подобрува здравјето, многумина не се откажуваат од една намирница.

Која намирница може да го скрати животот за 36 моменти при секое нејзино консумирање?
Според едно истражување, еден месен производ негативно влијае врз здравјето и постојат индиции дека дури може и да го скрати животот. Станува збор за виршли.

Како што откриле научниците, секој изеден хот-дог го скратува животот на поединецот за повеќе од половина час. Студијата, која го истражувале нутритивното влијание на речиси 6.000 намирници, покажала дека секој хот-дог што го јаде човекот може да го скрати неговиот животен век за точно 36 минути.
Во текот на истражувањето, експертите од Универзитетот во Мичиген ги зеле предвид сите аспекти од животниот циклус на храната, вклучувајќи го и начинот на кој таа е произведена, преработена, консумирана и складирана, како и колку е хранлив производот.

Поврзани вести