Која храна создава целулит?

Според Клиниката во Кливленд, 80 до 90 проценти од жените имаат целулит. Зошто се појавува и дали има некоја храна што ги зголемува шансите за тоа?

Некои експерти веруваат дека хормоните и генетиката имаат голема улога во појавата на целулит. За среќа, не е опасен по здравјето.
Сепак, ако сакате да ги намалите шансите да се појави, избегнувајте ги овие намирници, советува Eat This, Not That.

Сладолед
Полномасната млечна храна како сладоледот е богат извор на калории и на заситени масти.

Бел леб
Според Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), лебот и колачите се меѓу првите 10 извори на натриум во исхраната. Комбинацијата на сол и рафинирани јаглехидрати придонесува за појава на целулит. За да ги намалите шансите за зголемување на телесната тежина и целулитот, најдобар извор е лебот од цели зрна.

Колачи
Бисквитите, колачите и крофните содржат масти, рафинирани јаглехидрати и натриум. Доколку се консумираат прекумерно, може да имаат влијание врз појавата на целулит.

Пица
Пицата не е најдобриот избор ако сакате да ослабнете или да го намалите целулитот. Содржи сол, а тоа предизвикува задржување на течности во телото. Ако течноста се акумулира во крвните садови, може да ги притисне масните клетки на целулитот, правејќи ги повидливи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.