Кој е Атила Бижен Жалили? Турски државјанин кој живее во Унгарија – преку десет години е во бизнисот со енерија

Атила Бижен Жалили е турски државјанин кој живее во Унгарија.

Жалили откупи 85 проценти од акциите на Вардар, го доби управувачкиот пакет и наскоро ќе следува целосна трансформација на клубот.

Новиот сопственик на Вардар е генерален директор на „СолСервисис Лтд.“, унгарска компанија која се занимава со имплементација на производство на енергија од обновливи извори. Тие се пионери во развојот на соларни паркови во Унгарија и се лидери на пазарот во оваа дејност.

Атила Бижен Жалили преку десет години е во бизнисот со енерија, од 2013 година е во компанијата „СолСервисис Лтд.“, до 2017 бил инвестиционен координатор, а од 2020 па до денес е генерален менаџер на компанијата.

Несомнено Атила Бижен Жалили е стабилен во својата работа, па се надеваме дека добро ќе му оди и со нашиот најтрофеен фудбалски клуб, Вардар.

Пронајдете не на следниве мрежи: