Наспроти очекувањата, iPhone X е продаден во 16 милиони примероци што го прави најпродаван смарфон во првиот квартал од 2018. година.
Во првите три месеци iPhone успеа да продаде дури 16 модели Х, објави агенцијата за истражување на пазарот Стратеџи Аналитикс.
iPhone 8 и iPhone 8 Plus ги зазедоа второто и третото место, бидејќи се продадени во 12,5 милиони, односно 8,3 милиони примероци.
-Втор квартал по ред, iPhone X останува најпродаван смартфон во светот, првенствено поради совршениот дизајн, софистицирана камера, прилагодливи апликации, вели Џуха Винтер, сениор аналитичар во агенцијата.
Освен производите на Епл, во првите 5 се најдоа Xiaomi Redmi 51 и Samsung Galaxy S8 Plus, кои се најпродаваните андроид телефони со 5,4 милиони, односно 5,3 милиони уреди ширум светот.